Покачувањето од 6 % за пензиите ке настапи во септември а со таа пресметка некој ке добие 500 денари а некој над 50 евра плус на својата сметка. Па така на најниската исплатена пензија која во јуни е 11.897 денари.,со претстојното усогласување во септември, на нивните сметки ќе легнат плус 714 денари. Што за малку е подобро од пензионерите – корисници на просечна земјоделска пензија. Нивните 9.867 ќе пораснат за 592 денари..
Пристојни или високи пензии кои овозможуваат нормално функционирање, добиваат 1.526 лица. Износите се движат од 48 па до речиси 70 илјади денари. Највисоката исплатена пензија во јуни е 69.803 денари. Оваа сума ја примаат 75 лица. За нив зголемувањето од шест насто ќе значи дополнителни 4.188 денари.
Што се однесува до другите просеци, податоците од ПИОМ покажуваат:
– семејната пензија е 15.097 денари;
– инвалидската пензија е 17.003 денари;
– старосната пензија е 20.614 денари;
– земјоделската пензија е 9.867 денари и
– воената пензија е со просек од 27.330 денари.
Од аспект на групите на исплата, јунската состојба е следна:
– до 13.300 денари е пензијата што ја примаат 96.257 пензионери, чие учество е 28,56%;
– од 13.301 до 16.000 денари пензија имаат 60.785 лица (18,03%);
– од 16.001 до 22.000 денари пензија користат 86.951 пензионер (25,80%);
– над 22.001 денар пензија има групата од 93.061 корисник (27,61%).
Забележливо е дека се најбројни двете групи – со најниски и со највисоки пензии.