Посетителите на еден од најпопуларните хрватски ресорти, неколку километри оддалечен од Шибеник, останале изненадени кога нивните паркирани автомобили наместо на улица ги дочекале – во море.
Ресортот Соларис кој вклучува пет хотели и бројни пропратни содржини секоја година привлекува стотици туристи, а освен оние кои престојуваат таму, пристигнуваат и посетители кои доаѓаат само на еднодневно капење.
Така, гостите кои се паркирале буквално веднаш до морето биле изненадени кога сфатиле дека заборавиле на појавата на плима и осека и нивните автомобили завршиле во вода.
„Нашите гости паркираат кога е осека, но ги изненадува плимата“, напишале во објавата на страницата „Prometne zgode I nezgode“ која објавила фотографии од паркираните возила.