Не е тешко да се најде работа во Германија, во основа ја има на секој ќош. Меѓутоа тешко е да се најде добра работа во Германија. Сепак, постојат начини да се издвоите од толпата и да оставите добар впечаток кај вашиот иден работодавач. Во овој текст ќе ви ги опишам најважните чекори за вас кои барате работа во Германија.
Што ви е потребно за работа во Германија?
Откако ќе го направите вашето CV, подготвени сте да започнете да барате работа. За да се најде работа во Германија најчесто се користи интернет, весници, фејсбук групи, познаници или цајтфирма.
Исто така можете да појдете директно во фирма – не е лоша идеја бидејќи на тој начин покажувате дека навистина ви треба работа и дека веднаш им стоите на располагање. Бидејќи не го знаете добро јазикот, веројатно некој ќе мора да оди со вас неколку пати. Првиот пат да договорите интервју и вториот пат кога разговарате со работодавецот.
Работа во Германија без познавање на јазикот
Да, тоа е исто така можно, но овие работни места честопати се помалку платени. Но, многу од нашите луѓе, особено малку постарите, прифаќаат такви работи бидејќи немаат време да го научат јазикот. Доколку сте со виза за Западен Балкан исто така не е обавезно познавање на германски јазик.
За сите други визи потребно е одредено ниво на познавање на јазикот, односно сертификат.
Без познавање на јазикот, најчесто можете да работите кај наши луѓе од просторите на поранешна Југославија.
Такви работни места се:
- Испорака на пакети – нашите луѓе кои имаат договор со DHL, DPD, Hermes, Amazon прифаќаат работници од Балканот и не бараат познавање на јазикот. Всушност, овде не е потребно познавање на јазикот, освен десетина реченици кои постојано се користат во контакт со клиентите.
- Работа во кујна – миење садови, помагање во кујна, доставување храна. Ова се исто така работни места за кои е потребно малку или никакво познавање на јазикот. Работодавците често се Мекдоналдс. БургерКинг, балкански ресторани и слично
- Физички работници – работата на градилиште е вообичаен избор за луѓе кои се слаби со јазикот.
- Возачи – многу возачи на камиони од нашите простори почнаа без познавање на јазикот. Со текот на времето почнаа да го совладуваат и така секој ден станува полесно.
- Негуватели – многумина од нас започнаа како негуватели или помошници во домовите за стари лица.
Работа во Германија со Македонски пасош
За работа во Германија со МК пасош ви е потребна виза. Постојат неколку видови на визи:
Виза за Западен Балкан
Овие визи почнаа да се издаваат во 2015 година и досега преку оваа виза работа нашле повеќе од 100.000 работници. Меѓутоа, поради големиот интерес и се поголемиот број на апликации германската амбасада во Македонија одлучи да воведе нов метод – по принципот на извлекување или лотарија.
Поради големиот интерес за закажување термини за поднесување барање, кој далеку го надминува бројот на расположливи термини, од декември 2021 година, термините ќе се доделуваат секој месец со ждрепка (по принципот на лотарија).
Виза за квалификувани работници
Оваа виза се издава од март 2020 година и требаше да го олесни пристигнувањето во Германија за лицата со занаети, средно или високо образование и лица со универзитетско образование. Така и на сите што имаат некое специфични знаење, односно професионалци во својата работа. Визата за квалификувани работници стана побрз начин за добивање виза за граѓани кои не се членки на ЕУ. Во секој случај побрзо од виза за Западен Балкан.
Оваа виза се добива релативно брзо, но има едно големо НО кое го пролонгира процесот на добивање на самата виза. Имено, ви треба:
- Сертификат за јазик, нивото зависи од работното место, на пример, на готвачите им треба А1, на воспитувачите Б2
- Признаена диплома (Anerkennung)
- Договор за вработување – односно работодавач кој ви гарантира работа по пристигнувањето во Германија
Виза за Аусбилдунг (виза за професионално образование)
И оваа виза се добива брзо, секако треба да исполните одредени услови:
- Тековен договор за стручно образование со минимална плата од 939,00 евра бруто во првата година на стручно образование. Ако вашата плата е помала од 939,00 евра бруто, мора да приложите најмалку гарантно писмо (со „докажана кредитна способност) / Verpflichtungserklärung mit „nachgewiesener Bonität“) или доказ за банкарска сметка со ограничено право на располагање (Sperrkonto). Доколку сместувањето или оброците се обезбедуваат бесплатно, тоа треба да го поткрепите со докази.
- Претходна согласност од Федералната агенција за труд (што треба да ја добие работодавачот) ИЛИ формуларот „Декларација за вработување“ / „Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis“ (достапен на веб-страницата на Федералната агенција за труд што треба да го пополни работодавачот).
- Училишен договор или потврда за упис во стручно училиште.
- Доказ за познавање на германски јазик на ниво Б1 за стручно образование од сите области.
- биографија/CV и мотивационо писмо (и двете на германски)
Целиот текст прочитајте го на: emigriko.mk