Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.6.
Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.7%), Преработувачка индустрија (11.4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство(10.9%).
Зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.7%), Рударство и вадење на камен (2.1%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (2.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август годинава изнесуваше 35 573 денари, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Ова се петте најплатени професии во Македонија:
1.Воздухопловен транспорт 90 299 денари
2.Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 86 412 денари
3.Информации и комуникации 64 940 денари
4.Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати 63 707 денари
5. Финансиски дејности и дејности на осигурување 60 366 денари
Доколку сакате да ја видите целосната листа - кликнете тука. Подетални информации можете да најдете на веб-страницата на Државниот завод за статистика.