Денешниот лет на Ер Србија од Белград за Анталија е вратен во Белград поради технички причини, објави компанијата на Инстаграм.
Според нив, авионот безбедно слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во 9 часот и 5 минути, а безбедноста на патниците „во ниту еден момент не била загрозена“.
„Следствено, повратниот лет од Анталија за Белград исто така ќе се изврши подоцна од предвиденото време“, соопштија од Ер Србија.