Нашата територија, но и целиот балкан во текот на следната седмица ќе биде зафатен од најверојатно последниот топол Африкански бран за ова лето, објави „Метеоаларм“.
Овој топлотен бран нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Ув индексот сепак ќе има многу висока вредност (вредност 8).
Тоа е што е позитивно е што времето ќе биде претежно стабилно, а овој топлотен Африкански бран кој доаѓа ќе е далеку послаб од првиот, кој беше екстремно топол.
Температурите во Македонија од средината на следната недела ќе го надминат 30-иот степен.