Помеѓу 14 и 18 август патиштата, плажите и одморалиштата во Грција се очекува да бидат многу попреполни од вообичаено поради големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица.
Предупредувањата за гужвите што туристите ги очекуваат деновиве почнаа веќе на почетокот на месецот. Заедно со Велигден и Божиќ, ова е еден од најважните верски празници за Грците, а се слави низ целата земја.
Поради големиот број Грци кои овој празник го поминуваат во одморалиштата, меѓу 14 и 18 август се очекува поголема гужва од вообичаено на патиштата, плажите и одморалиштата низ Грција. Доколку немате резервирано сместување, препорачливо е да не тргнувате за Грција барем до 20 август, особено ако сте со мали деца, бидејќи деновиве сместување е многу тешко да се најде на многу комерцијални места.
Утре и официјално е неработен ден во цела држава, а бидејќи се паѓа во најубавиот и најчесто најтоплиот период од летото, вистински момент е за колективни годишни одмори, градовите се испразнат уште 1 август. На плажите и во рестораните во туристичките места ќе има многу повеќе луѓе од вообичаено, бидејќи на туристите од целиот свет ќе им се придружат и мештаните - Грците.