Мал дел од бездомните лица во Македонија успеваат да се вработат, да најдат сместување под кирија и полека да си го средуваат животот.
Оние кои ќе успеат да најдат работа, обично чистат, работат на градилишта, ги ангажираат како општи работници и слично. Доц. Д-р Драгана Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници при Црвен крст-Момин Поток вели дека им пружаат помош за да успеат да најдат работа.
„Од страна на стручниот тим од Пунктот за бездомници се прави првична проценка на потребата за вработување, која е неговата намера, кои се неговите работни способности и квалитети, се анализираат неговите претходни работни искуства кои многу значат за следното вработување, како и желбата дека сака да смени нешто ново и да излезе од состојбата на статус кво. Со оваа проценка на личниот развој и потреби кај бездомното лице, стручниот тим одблиску ја добива целосната слика за тоа колку едно бездомно лице вистински сака да работи, и сака да си го смени животот на подобро. Во однос на типот на работни позиции за кои бездомните лица изразуваат интерес, најчесто тоа се хигиеничари на станбени згради, канцелариски простор, работници во паркови и зеленила, комунална хигиена, во секторот за обезбедување на лица и имоти (чувари), во градежништво како сезонски работници, работници за физичка работа (селидби), продавачи на уличен магазин, како и келнери и готвачи во угостителскиот бизнис“, вели Лазаревска.
Агенцијата за вработување се ангажира за поголема вработеност на различни групи граѓани и оттаму побаравме одговор дали има бездомници кои пронашле работа.
„Бездомните лица се предвидени во годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување како целна група во мерката за субвенционирано вработување. Досега немаат учествувано во мерката“, велат од Агенцијата за вработување.
Лазаревска кажа дека тие опслужуваат околу 170 бездомници, но неофицијално се смета дека во Скопје има околу 500 бездомни лица.
Целиот текст прочитајте го на следниот линк: faktor.mk