Еден човек од Кентаки стана милионер преку ноќ откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети за кои се проценува дека вредат милиони долари.
Тој ископал повеќе од 800 златни монети од ерата на Граѓанската војна кои датираат од периодот помеѓу 1840 и 1863 година. Видеото од неверојатното откритие го објави GovMint, куќа специјализирана за продажба на монети.
Закопано богатство
Вредноста на златниците е во милиони, а се проценува дека можеби биле закопани како резултат на државната декларација за неутралност на Кентаки за време на американската граѓанска војна.
„Најневеројатното откритие во ова закопано богатство е околу осумнаесет златни монети од 20 долари од 1863 година. Ова е монета која честопати достигнува шест цифри на аукција“, рече GovMint.com, додавајќи дека монетите се во одлична состојба.