Матичните лекари со барање да се укинат здравствените картони. Од здружението на матични лекари од Куманово укажуваат дека податоците за пациентите се во електронскиот дневник. Внесувањето и во картонот предизвикува само метеж во ординациите и финансиски трошоци. Доколку надлежните не го слушнат нивното барање, размислуваат од септември да престанат со пишување. Ќе се води само електронска евиденција.
Да се укинат здравствените картони бараат матичните лекари од Куманово. Според нив картоните се непотребни бидејќи податоците за пациентите ги има во електронскиот дневник. Велат на овој начин сме оптоварени со двојно пишување, пациентите чекаат, а имаме и финансиски трошоци. Еден картон појаснуваат чини 30 денари, а дополнително се набавува и хартија. Освен она нема ниту простор каде да се чуваат, па дел се препраќаат и во архивата во Скопје, за која исто така плаќаат.
„Сосема малку време имаме со пациентот да разговаравме, цел ден гледаме во картон, наместо да гледаме во лицето на пациентот, за што се работи, добра анализа, лицето покажува се што се случува во организмот на човекот. Губиме и материјално, пациентите доаѓаат секој ден, ги запишуваме во картонот, ние ги купуваме картоните, трошиме хартија. Мислам дека Министерството за здравство е единственото што споро ги спроведува реформите, иако веќе десетина години бараме електронско здравство, да се исфрлат одредени работи за да се скрати матичните лекари препишување да остане само на компјутери“, вели доктор Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари од Куманово.
Од здружението на матичните лекари од Куманово велат дека за ова прашање разговарале со здружението на ниво на земјава и сите се согласни дека картоните треба да се укинат. Велат размислуваме доколку не се слушне нашето барање од септември да престанеме со пишување. Ќе се води само електронската евиденција.