Од Скопје до Белград ќе се стигнува за три часа кога ќе биде реализиран проектот за изградба на брзата пруга, најави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.
Српскиот министер посочи дека Србија потпишала меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш – Скопје, пренесува Н1.
Кога ќе биде готова пругата, ќе бидат потребни три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе го промени животот на граѓаните – рече Весиќ.