Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија ги намалува цените на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во однос на претходната одлуката.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек зголемување кај бензините за 2,556 проценти, кај дизелот има намалување за 2,350 отсто, кај екстра лесното масло намалување за 1,609 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,910 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,34 проценти.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,567 денари за килограм.
Од 22.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 90,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 46,025 (денари/килограм)
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика во нивното соопштение.