Борис Городински е Украинец по раѓање, но пораснал во Канада. Тој е основач на фармите Хородински и иако е милионер, можете да се види како сам го бере родoт на кромид заедно со своите работници.
Городински е син на украински емигранти. Тој главно одгледува кромид на својата фарма. Може да се каже дека е најголемиот производител на оваа култура во Канада, а најверојатно и во цела Северна Америка. На шега се опишува себеси како „кралот на кромидот“. Негово мислење го бараат светските производители на земјоделски машини. Иако нема високо образование туку средно, денес е милионер.
Овој канадски фармер отсекогаш сакал да ја обработува земјата. Тој работи рамо до рамо со своите работници.
Според Форбс, Городински започнал од 300 хектари земјиште на кои одгледувал 100.000 тони кромид. По 45 години, неговата фарма е една од најголемите производители на кромид во Канада со годишен профит од 15 милиони долари.
Секој Божиќ на фармата се слушаат украински песни. Бизнисменот има навика да поканува групи за танц и пеење, а секое лето поканува уметници во неговата компанија на украински излети. Тогаш ги почестува гостите со зеленчук од сопствената градина и традиционални украински слатки и кисели краставички.
Городински издвојува средства не само за разни културни настани. Со дел од неговите пари (1 милион долари) е изградена амбулантна станица во општината во која живее.