Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 09.09.2023 (сабота), поради меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот информира МВР.
Од тие причини, сообраќајот по сообраќајниците околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одвива со посебен режим.