Досадата е најчеста причина зошто луѓето ја менуваат својата работа или кариера, покажуваат резултатите од едно истражување спроведено годинава. Како и се друго во животот, и за ваквата ситуација мора се најде перманентно решение, а не само моментално олеснување.
Ова се трите знаци кои покажуваат дека дефинитивно е време за драстична промена.
Ви влијае на целокупниот живот
Стресот на работа многу лесно знае да се пренесе и во други области на животот, а тоа секако воопшто не е добро. Доколку приметите дека сите негативни чувства ги носите дома и сета таа енергија ја пренесувате на вашите блиски, тоа е знак дека треба да почнете да размислувате за промена. Проблеми и стрес на работа секогаш ќе има, меѓутоа тие работи не треба да влијаат на вашиот живот надвор од канцеларијата.
Не ви одговара опкружувањето
Работата треба да се прави секојдневно во истиот простор, со истата група на луѓе. Доколку колегите воопшто не ви одговараат, тогаш секоја комуникација со нив ќе ви биде само мачење. За ваквата ситуација постојат повеќе причини, но ако се случува едвај да се натерате да станете за на работа, можеби е време сериозно да размислите за менување на работната средина.
Работата е во спротивност со вашите вредности
Секој од нас има вредности до кои се држи и истите тие не прават тоа што сме. Замислете вашата работа да бара од вас да дејствувате спротивно од она во што верувате. Дури и ако сте спремни да се прилагодите на ова, не се препорачува, бидејќи на тој начин можете да се изгубите себеси. Доколку се наоѓате во ваква ситуација, побарајте област која е во склад со вашите верувања и вредности.