Кинеската компанија за производство на лесни авиони тестираше во Ерусалим т.н летечко такси, односно автономно летало на електричен погон, кое во иднина треба да служи за превоз на патници во Израел.
Израелската управа за иновации објави дека од 2019 година активно работи на воведување на летечки такси во сообраќајот, кои освен за превоз на патници, ќе служат и за транспорт на товар.
„Она што го гледате е авиотакси кое во иднина ќе може да превезува луѓе од место до место“, рече Даниела Партем, директорка на Израелската управа за иновации.
Како што беше нагласено, Израел досега има извршено повеќе од 20.000 пробни летови, но летот во среда беше и првиот на кој можеа да присуствуваат медиумите.
„Програмата за летечко такси предвидува инвестиција од 16 милиони долари и е поддржана од неколку јавни и приватни компании“, јавуваат израелските медиуми.
Директорката Партем нагласи како летечките такси ќе помогнат да се создаде економски исплатлив пазар.
„Значи, ако сакате да летате со вселенско летало за медицинска употреба и во исто време да доставувате храна, ќе можете да го направите тоа“, изјави таа.
Покрај Израел, пробни летови извршија и други земји на т.н летечко такси, а Франција најави слични експерименти во 2024 година.
Извор: kajgana.com