Во Србија цената за работен час од јануари ќе биде повисока за 17,8 отсто.
Српската Влада денеска донесе Одлука за висината на минималната плата за периодот јануари-декември 2024 година, според која минималната плата, без даноците и придонесите за задолжително социјално осигурување, ќе се зголеми на 271 динар.
Со тоа, минималната плата ќе изнесува 47.154 динари или во просек 401 евро месечно. Тоа е значително над очекуваната просечна инфлација од 4,9 проценти во 2024 година. Србија цели кон тоа што поскоро да има просечна плата од 1.000 евра.
Извор: faktor.mk