Има нови правила за добивање на бугарски пасош. Бугарскиот парламент изгласа нови правила за издавање пасош.
Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство. При поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин, пишува бугарски Њуз. Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење.
Новите услови важат за сите барања, освен ако Република Бугарија одлучи дека е во посебен интерес да му додели државјанство на тоа лице или кога лицето има посебни заслуги за истото.
Ново е и тоа што ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство. Се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница, но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен, – во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено. Планирано е лицата кои се стекнале со бугарско државјанство да ги добијат уверенијата на посебна официјална церемонија според предлог-законот на Радомир Чолаков и група народни претставници.
Македонци, Срби, Молдавци, Украинци, но и Руси и Турци добиваат бугарски државјанства. Целта е да си го олеснат движењето во европските земји.