Од јануари 2024 година се очекува минималната плата во земјава да се зголеми за најмалку 10% или околу 2 илјади денари.
Тоа ќе биде резултат на зголемувањето на просечната плата за 14,1 отсто и падот на инфлацијата, соопштија од Министерството за економија. Министерот Крешник Бектеши очекува вкупната инфлација до крајот на декември да биде 7 или 8%. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата која работниците ја примиле во јули достигнала 36.286 денари, а бруто-платата 54.434 денари.
Зголемување на платите има во градежниот сектор за 19,5%, во образованието за 17,2 и во јавната администрација за 16,8%. Но, во некои други сектори платите се намалиле. Таков е случајот со рударството каде платите се намалиле за 7,9%