99 проценти од вработените во Македонија само затоа што зеле К-15 ќе имаат обврска електронски да се регистрираат во УЈП. Излегува дека К-15 е нешто надвор од работите од работен однос, а всушност тоа не треба да подлежи на персонален данок, вели претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.
Со оваа обврска кон Управата за јавни приходи, работодавачите ќе треба да им отворат мејл на постарите вработени како и на оние кои дома не располагаат со компјутер како би можеле да ја исполнат оваа обврска и да го испочитуваат законот, соопшти Димитров.
Според Општиот колективен договор постои можност за финансиски послабите компании во договор со синдикатот да направат спогодба за исплата на помали износи.