Се бараат работници за иградба на автопатот секаде и постојано дури и министрите на своите фејбук страни објавуваат апели.
Повторно апелираше до заинтересираните лица да се приклучат на престижната градежна компанија Бехтел и Енка за изградба на Коридорот 8 и 10Д.
По Гостивар, Тетово, Прилеп и Битола, саемот за вработување продолжува во Кичево, Куманово и Велес до 3 октомври од 12:00 до 16:00 часот на потенцираните локации.
„Ве повикувам да одвоите време да ги посетите овие локации, да се информирате за работните места и да аплицирате на hr@beuk.mk.“ напиша на својот фесбук вицепремиерт Артан Груби
Груби потсети дека се потребни 2,000 работници. На крајот на минатата недела беше кажано дека се пријавиле само 360 кандидати.