Драстичен пад на цената на суровата нафта на светските берзи, можно е ново поевтинување на цената на горивата
Ако продолжи овој тренд на намалување на цените на нафтата на светските берзи, многу веројатно е и дека во втората недела од ноември, кога Регулаторна комисија за енергетика ќе ги објави новите цени, да има дополнително поевтинување на нафтените деривати во Македонија.
Во понеделникот, РКЕ ги објави новите цени на горивата кои ќе важат во следните две недели, со што малопродажната цена на бензинот ЕУРО СУПЕР БС – 98 се намали за 3,50 денари и изнесува 73,00 денари за литар, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намали за 3,00 денари и изнесува 71,50 денари за литар и ЕУРОДИЗЕЛОТ и Екстра лесното масло за домаќинства поевтинија за 1,50 денари и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) изнесува 67,50 денари за литар.
Во меѓувреме, од понеделникот па до денес цената на суровата нафта на берзата во Лондон се намали за дополнителни 3 долари во однос на просечната цена врз основа на која регулаторот ја формираше цената.
Останува да видиме дали овој тренд ќе продолжи.