„Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку Одлуки со кои се намалуваат цариснките давачки од 65%, 55% и 45% на 10% за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, освен домати, краставици и пиперки, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1-ви декември за да го снабдуваат и македонскиот пазар“, кажа министерот за економија.
Како што информираше министерот според анализите на Министерството за економија има зголемен извоз извоз на земјоделски производи од нашата земја што се надополнува од увоз од соседните земји, што на крај влијае негативно кај домашните потрошувачи преку повисоки цени.
Согласно последните одлуки на Владата намалени се царините на 10% на: домат, свеж или разладен, краставици, благи и лути пиперки, кромид, праз, карфиол,брокола,главчеста салата,друга салата,моркови, модар патлиџан, тиквички. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе бидат објавени во Службен весник и ќе траат до 28 февруари 2024 година.
Исто така според Одлуката на Владата за дополнителни 2.000 тони од сегашните 8.000 тони се зголемени безцаринските квоти за агруми, свежи или сушени, портокали, мандарини, клементини,грејпфрут, лимони и лимета. Оваа одлука стапува на сила од денот кога ќе биде објавена во Службен весник до 31 декември 2023 година.
Извор: biznisinfo.mk