Додека во многу земји плата од 4.000 евра би се сметала за добра, во Швајцарија тоа би значело дека живеете на работ на сиромаштијата.
Кирија, немање доволно станбени единици и поскапување на здравственото осигурување. Кога сето тоа ќе се среди, остануваат малку пари.
Според извештаите, речиси 750.000 луѓе се погодени од сиромаштија.
- Ме фаќа грутка во грлото кога ќе помислам на многу семејства кои се на работ на сиромаштијата. Таа бројка не е мерлива - вели Даниел Лаупер од една хуманитарна организација.
Тој очекува уште повеќе луѓе да побараат помош поради зголемувањето на премиите за здравствено осигурување кое треба да стапи на сила следната година.
Имено, нивниот министер за здравство изјави дека здравственото осигурување ќе се зголеми за 8,7 отсто во текот на наредната година.
Медиумите во Швајцарија бјавија дека поскапувањето за семејство со две деца ќе изнесува 1.000 франци (околу 1.030 евра) годишно.
- Човек кој работи во менаџмент плаќа иста премија за здравствено осигурување како градежен работник. Ова покажува несолидарност - велат од Партијата на зелените.
Тие повикаа на систем на здравствени трошоци што ќе се заснова на нивото на приход.
Иако инфлацијата во Швајцарија е пониска отколку во повеќето европски земји, таа е многу висока за швајцарските услови. Цената на киријата континуирано се зголемува. Се очекува до 2026 година висината на закупнината да биде поголема за 15 отсто. А тоа, како и малиот број слободни работни места, претставува товар.
Инфлацијата на почетокот на годината изнесуваше 3,4 отсто, додека во август беше 1,6 отсто. И покрај тоа, домашните производи се поскапи за 2,2 отсто во однос на лани.
Извор: faktor.mk