Во пресрет на климатските промени и непрекинатото исцрпување на природните ресурси на глобално ниво, неизбежно е да се адресира проблемот и превземат мерки уште веднаш.
Во својата основа, одржливоста нѐ предизвикува да се однесуваме порационално кон природата, да најдеме начин за намалувалување на нашиот еколошки отпечаток и минимизирање на негативните влијанија врз екосистемите и биодиверзитетот.
Патот кон одржливоста е колективна одговорност и секој чекор што го преземаме нѐ доближува до посветла, похармонична иднина.
Затоа, БИДИ ТИ еден од пионерите на движењето за позелена планета и пријави се со своја идеја на Startup Weekend Sustainability Skopje!
Во продолжение откриј го Startup Weekend низ факти и бројки и мотивирај се да учествуваш на Startup Weekend Sustainability Skopje :
- Над 36% од стартап бизнисите продолжуваат да растат по 3 месеци. - Ова е прилика за учесниците на Startup Weekend Sustainability Skopje да ја започнат својата предприемачка приказна и да продолжат да растат.
- Околу 80% од учесниците планираат да продолжат да работат со својот тим или бизнис по викендот. -Затоа не ја штеди твојата идеја, дојди да ја споделиш со светот!
- Организирани повеќе од 3,000 глобални настани и 400,000 учесници досега. - Techstars Startup Weekend има долгогодишна историја на успешни настани ширум светот, целокупната мрежа на учесници и ментори кои се вклучени во Techstars Startup Weekend е непроценлива
- 150+ земји домаќини. - Својата глобална застапеност, го прави овој настан уникатен и инклузивен.
- Оваа година го вбројуваме 12-тото издание во Скопје. - Startup Weekend Skopje е непрекината приказна на иновација и предприемачки дух во нашиот град.
- 1. пат Тематски Startup Weekend Skopje: Оваа година, Startup Weekend Skopje дебитира како прво тематско издание, посветено на “Sustainability”.
- Од Eco-Friendly Стартапи кои се развиле на Startup Weekend Skopje и се одржливи издвојуваме 2 успешни приказни: Challenger и Ways2Help.
- 3 денa исполнети со иновации, креативност, тимскa работа, нови пријателства и добра музика, денови за кои доoooлгоooo ќе раскажуваш.
- 7 Евра за карта со вклучени оброци и пијалоци. - Твојот билет за Startup Weekend Skopje не само што ви овозможува пристап до овој возбудлив настан, туку вклучува и 7 вкусни оброци и пијачки во текот на трите дена. На тебе и твојот тим останува само да се фокусирате на развој на идеjата.
Techstars Startup Weekend Sustainability Skopje ги обединува младите иноватори, ентузијасти и претприемачи во три дена исполнети со иновации и креативност. Со Techstars Startup Weekend Sustainability Skopje, имаме можност да формираме подобра и поодржлива иднина и да наметнеме позитивни промени.
Придружи ни се во движењето за подобро и зелено општество и веднаш се пријави се за настанот преку ЛИНК.
За повеќе информации околу настанот, посети ги официјалните профили на Facebook и Инстаграм.