Младите од Србија родени 2005 година можат да аплицираат за 38.000 бесплатни билети за воз за патување низ Европа во периодот од 1 март 2024 до 31 мај 2025 година.
„Пријавувањето трае до 18 октомври напладне, пренесува Дојче веле.
Европската комисија го најави почетокот на следната рунда на програмата за патување „Откриј ја ЕУ“, а во неа можат да учествуваат граѓани од земјите на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Турција и Србија.