Поставувањето на вистинските прашања до работодавачите и одличната презентација за време на видео интервју се некои од клучните чекори кон постигнување на нашите професионални цели. Подгответе се за Регионалниот саем за вработување и зачекорете во нова деловна авантура!
Подготовката е клучот за успехот, во скоро сите ситуации. Затоа, е неопходна и кога станува збор за нашата кариера и барање работа.
Но, не грижете се, овој напис не е тука за да дава здодевни совети за тоа како да „бидете сериозни“ или „да се однесувате професионално“. Всушност, со неа ви претставуваме еден вид мапа за авантура наречена „Регионален саем за вработување“!
Овогодинешниот саем кој ќе се одржи од 24 до 31 октомври ќе понуди бројни деловни можности кај голем број работодавачи од Македонија и регионот.
Сепак, за да ја искористиме оваа златна шанса, треба да бидеме подготвени за тоа.
Во оваа статија, откриваме како да ги поставиме вистинските прашања на работодавачите преку „chat“ и да оставитее одличен впечаток преку видео повик.
Време е за акција!
Прашања за работодавачите преку „chat“
- Како би ги опишале главните одговорности и задачи на оваа позиција? - Ова прашање ни помага подобро да ја разбереме работата и да провериме дали таа одговара на вашите вештини и интереси.
- Кои се работните услови, вклучувајќи го работното време и флексибилноста? - Важно е да знаеме како работата ќе се вклопи во нашето секојдневие.
- Како ја опишувате корпоративната култура и вредностите на вашата компанија? - Ова прашање ќе ни помогне да оцениме дали стилот на компанијата ќе одговара на нашите вредности.
- Какви се очекувањата на вработените во првите неколку месеци? - Ова може да ни помогне да разбереме што се очекува од нас доколку бидеме избрани.
- Какви можности за напредување и професионален развој нуди оваа компанија? - Важно е да знаеме како можеме да се развиваме во рамките на организацијата.
- Кои се тековните предизвици или проекти на ова работно место? - Ова прашање покажува дека сме заинтересирани за спецификите на работата.
- Како се одвива процесот на селекција на кандидати? - Важно е да се знае што да очекуваме по саемот.
- Кои се најважните чекори по овој разговор? - Ова прашање ја покажува нашата сериозност и интерес за работа.
Совети за видео повици со работодавачите
- Осигурајте се дека имате стабилна интернет конекција - Никој не сака видеоповикот да заврши како непријатност на неговиот стар телевизор.
- Изберете професионална позадина - Да, звучи како глума, но дури и малите детали можат да направат голема разлика.
- Облечете се соодветно - Наместо пижами, облечете нешто што би сакале да го носите на првиот ден од вашата нова деловна авантура.
- Кажете им на домашните да не влегуваат во собата - Нека знаат дека видеоповикот спаѓа во „деловна територија“ и бара сериозност и смиреност
- Подгответе се однапред - Со белешки и прашања до работодавачот, ќе бидете подготвени за секој предизвик.
Покрај квалитетната подготовка за разговорот и видео интервјуто, ви препорачуваме да ја освежите вашата биографија пред саемот за да ги содржи сите потребни информации или да ја напишете, доколку сè уште немате.
Повеќе совети за пишување резиме што ќе „се издвоите од толпата“ можете да најдете ТУКА.
Се гледаме на Регионалниот саем за вработување!
САКАШ ПОДОБРА РАБОТА ЗА СЕБЕ?
НЕ ПРОПУШТАЈ ГО НАЈГОЛЕМОТ РЕГИОНАЛЕН ОНЛАЈН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ