Паметниот град е дизајниран на неговите жители да им овозможи здравствена заштита која вклучува телемедицина, како и напредни анализи на геномите и крвта.
„Dogen City“, јапонскиот пловечки град, е концепт на стартап компанијата „N-Arc“ кој служи како пример за целосно самоодржлив, паметен град на иднината којшто би можел да им помогне на луѓето во случај на природна катастрофа.
Во градот со пречник од четири километри би живееле 10.000 луѓе, а би можел да угости до 30.000 посетители.
Кружниот облик на градот не е случаен – дизајниран е да издржи лоши временски услови, вклучувајќи и цунами.
Паметниот град е дизајниран на своите жители да им даде напредна здравствена заштита, како и напредни анализи на геномите и крвта.
Соларните панели, ветротурбините, водоводните цевки кои ги прочистуваат и рециклираат отпадните води се некои од иновациите кои ќе обезбедат градот да биде целосно самоодржлив.
Во станбениот прстен на „Dogen“ би се наоѓале куќи, како и паркови, зелени површини, погони за произведување храна, училишта, спортски терени, болници, стадиони, хотели и канцеларии. Мрежата на автономни електрични возила би го намалило задушувањето на патиштата, како и загадувањето на животната средина.
Благодарение на својот модуларен дизајн, „Dogen“ би можел да расте заедно со својата популација.
Сѐ уште не е познато каде точно се наоѓа „Dogen“, но во случај концептот да почне да станува реалност, јавноста би дознала наскоро...