Вкупно 13 патници од авионот наводно добиле меѓу 2.000 и 4.000 долари и сместување во хотел за откажување од пребукираниот лет, се вели во описот на видеото.
На социјалните мрежи со огромна брзина се рашири видео на кое наводно се прикажува ситуацијата на лет на Делта Ерлајнс од Бостон за Рим.
Авиокомпанијата го пребукирала летот и во авионот имало премногу луѓе за да може да полета. Некој морал да излезе.
Стјуардесата на почетокот им понудила подарок ваучери на патниците, но кога видела дека тој подарок нема ефект, преминала на кеш пари.
„3.500 долари! Кој ќе ги прифати? Кој прв дојде, негови се!“ – извикала стјуардесата.
На видеото се гледа како неколку патници стануваат од своите места. Лет за оваа дестинација сепак може да се најде и за пет пати пониска цена.
„Вкупно 13 патници од авионот добиле помеѓу 2.000-4.000 долари и хотелско сместување бидејќи се откажале од летот кој бил веќе пребукиран“ – стои во описот на видеото.
Бројни корисници на социјалната мрежа се согласиле дека ваква понуда не се одбива.
„Зошто мене не ми се случуваат вакви ситуации? Би имала неколку илјади долари во џеб и хотелско сместување, а за утредента ќе се снајдам“ напишала една корисничка на социјалната мрежа.