Во Германија доаѓа зима, најавуваат германските метеоролози и веќе од следната недела се очекува пад на температурите, па дури и првите врнежи од снег.
Во некои сојузни покраини во Германија во октомври температурите се над 25 степени, откако во септември ги достигнаа рекордните температури, а октомври им започна со летни температури. Но, тоа наскоро би можело да се промени и наскоро би можел да падне првиот снег во Германија.
Според прогнозата на германските метеоролози, времето во Германија ќе биде многу посвежо од 15 октомври. Конечно би можеле да завршат деновите со температури над 25 степени, пишуваат германските медиуми.
Европскиот временски модел покажува дека од викендот и следната недела кон Германија ќе се движат постудени воздушни маси. На едноставен јазик – на надморска височина од 1.500 метри температурата паѓа на -2 до -1 степен. Совршени услови за првиот снег.
Од следниот вторник се очекува снег на 600 и 700 метри надморска височина. Ова не е нималку невообичаено за средината на октомври, нагласува метеорологот.
Следните денови ќе покажат дали Германија ќе треба да се подготви за првиот снег. Има уште време за осцилации во временските прогнози, објаснува метеорологот.