Платата на државните службеници во јавниот сектор варира во зависност од нивната класификација во соодветната група на плати.
Се земаат предвид и регионалните разлики во федералните земји, пренесува „Пословни дневник“.
На пример, платите во Баварија се повисоки отколку во Берлин поради генерално повисоките трошоци за живот на југот на земјата.
Еве неколку примери на месечни плати во различни платни групи:
А2: Виш асистент, кондуктер, чувар - бруто плата од 2.216 до 2.511 евра
А7: Медицинска сестра, детектив, корективен службеник - плати од 2.538 до 3.201 евро
А9: Главен детектив, главна медицинска сестра, началник на полиција - плати од 2.897 до 3.754 евра
А12: Државен правобранител, главен полициски инспектор, наставник специјалист, заменик директор, наставник (основно или средно училиште) - плати од 3.801 до 5.166 евра
А13: Наставник, директор, прв главен детектив - плати од 4.457 до 5.731 евра
А14: Доктор, главен лекар, училишен советник - плати од 4.584 до 6.233 евра
Професорите (Д2 и Д3) во уметничките, техничките и педагошките училишта како и универзитетите заработуваат од 6.085 до 7.756 евра.
Извор: kajgana.com