Австриската агенција за вработување Stepstone објави податоци за платите во оваа земја.
Според нивните сознанија, најмногу пари се заработуваат во Виена. Зад нив се регионите Форарлберг и Салцбург.
Разликата меѓу просечната плата на мажите и жените е околу шест илјади евра, а просечната плата на сите граѓани на Австрија е 50.633 евра годишно (101.266 км).
Најплатена гранка е фармацевтската, каде просечната плата достигнува 66.547 евра годишно , а потоа следат нафтената индустрија и банките.
Најслабо платени индустрии се туризмот и маркетингот, каде работниците заработуваат околу 40 илјади евра годишно.
Извор: centar.mk