![Агенција за вработување: Се намалува бројот на активни баратели на работа](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/1d/d5382ad1-resize-820x0x100.jpg)
Од почетокот на годината до 1 октомври, бројот на активните баратели на работа се намалил за 7.167 покажуваат податоците од Агенцијата за вработување.
Според статистиката на Агенцијата, во јануари имало 111.896 луѓе што секој месец се пријавувале и се изјасниле како активни баратели на работа, додека септември завршил со 104.729 баратели на работа.
Покрај овие активни баратели на работа, се пријавуваат и други лица што бараат работа. Тие не доаѓаат секој месец на отчет во Агенцијата и се претпоставува дека веќе имаат некој ангажман што не е со редовно вработување и дека се евидентираат само за здравствено осигурување. И нивниот број се намалил – во јануари биле 46.064, а во септември е 44.306.