Астрономите снимиле мистериозни радио бранови на кои им биле потребни осум милијарди години да стигнат до Земјата, јавува Anadolu.
Според истражувањето објавено во списанието Science, еден од радио брановите наречен Fast Radio Bursts (FRBs) стигнал до Земјата по патување од осум милијарди години.
Истражувачите објавија дека должината на бранот, наречена FRB 20220610A, траела помалку од една милисекунда.
Според Си-Ен-Ен, еден од истражувачите, Стјуарт Рајдер, забележал дека откако открил од каде доаѓа бранот со радио телескоп наречен Australian Square Kilometer Array Pathfinder (ASKAP), ја побарал галаксијата од која дошол бранот, користејќи го Телескопот на Европската јужна опсерваторија во Чиле.
Рајдер рече дека како резултат на студијата, откриено е дека овој бран доаѓа од многу поголема далечина од другите FRB и дека е создаден како резултат на експлозија предизвикана од спојување на неколку галаксии.
Друг истражувач, Рајан Шенон, исто така изјави дека FRB може да се користат за пресметување на масата на универзумот. Шенон забележа дека FRB можат да детектираат меѓугалактички јонизиран материјал.
Откако првиот FRB беше откриен во 2007 година, досега е идентификувано потеклото на 50 FRB.