JYSK, скандинавскиот ланец на продавници за мебел и уредување на домот, го потврди својот статус на еден од најпосакуваните работодавци во Хрватска и ги награди своите вработени со значителни бонуси.
Во текот на минатата финансиска година компанијата исплатила вкупно над 780.000 евра бонуси.
На најуспешните продавници на JYSK во Хрватска им беа доделени големи бонуси, додека бонусите за вработените во продавниците со најдобри резултати достигнаа сума од речиси 50.000 евра.
Покрај овој извонреден успех, JYSK се уште е на престижната листа на работодавци на Форбс. Ова признание јасно ја потврдува посветеноста на компанијата за создавање стимулативна работна средина за своите вработени.