Досега е потрошено цело богатство за автопатот Кичево - Охрид од 56,7 километри, финансирано од кинеската „Ексим Банка“. Новиот извештај за работата на ЈП „Државни патишта“ во 2022 кој по одобрение од Владата e објавen деновиве, покажува дека до крајот на минатата година веќе биле потрошени околу 450 милиони евра.
„Вкупно реализирано 447.383.985 евра (заклучно со 62-та ситуација), што изнесува 66 отсто во однос на 598.074.670 евра“, запишано е во отчетот на јавното претпријатие.
До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево - Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра, стои дополнително во полугодишниот извештај на ЈПДП за првата половина од 2023. Ако се сумира вкупно, реализацијата се движи кон 500 милиони евра, а до крајот на годината треба да биде појасно дали работата ќе продолжи со истиот изведувач и финансиер.