БИОТЕК Лабораторија претставува прва специјалистичка молекуларно генетска лабораторија направена по водечки светски стандарди. Лабораториите на БИОТЕК се познати по тоа што се опремени со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема, реагенси и софтвери за дијагностика. Опремата и реагенсите се од врвни светски брендови како: Beckman Coulter, BioMerieux, MEDIWISS. БИОТЕК лабораторија ќе нуди комплетна клиничка анализа со најсовремена технологија, мониторирана и сертифицирана во Англија на месечно ниво. Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, а високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент. Со инвестирање во една ваква лабораторија која пред се има најсовремена опрема и врвен, но и одличен медицински кадар, сакаме да придонесеме максимално кон подобрување на здравјето на луѓето. БИОТЕК управува со две лаборатории со локација во општините Центар и Кисела Вода.
Преку интерјву со Анкица Синадинова Базерко откриваме како настана идејата за БИОТЕК Лабораторија, со што се располага лабораторијата денес, како се справува со постојаниот недостиг на медицински кадри во земјава и која е визијата за во следните пет години.
Vrabotuvanje.com: Како настана идејата за формирање на БИОТЕК Лабораторија?
Анкица Синадинова Базерко: Биотек, со својата долгогодишна работа како застапник на светски лидери во дијагностика, како и соработка со лабораториите во Македонија, а воедно и имплементација на врвни технологии и тестови, ни наметна идеја за отворање на наша демо-лабораторија во која нашите клиенти ќе увидат како работат нашите машини и реагенси. Таа демо лабораторија, ја оформивме во јануари 2016. По демо верзијата, веднаш дојде и до проширување на идејата и отворивме комплетна клиничка лабораторија која ќе работи и со пациенти.
Vrabotuvanje.com: Со кои предизвици се соочивте на самите почетоци при отворањето на БИОТЕК Лабораторија?
Анкица Синадинова Базерко: За жал можам да кажам дека воопшто не е едноставно да се започне еден ваков бизнис во Македонија. Се соочивме со многу бариери, но сепак мојата мотивираност да направам успешна приказна од она што го работам е многу поголема. Денес со гордост можам да кажам дека имаме две најсофистицирани лаборатории.
Vrabotuvanje.com: Со што располага БИОТЕК Лабораторија денес?
Анкица Синадинова Базерко: Биотек лабораторија се состои од 3 клинички лаборатории: биохемиско-имунолошка, микробиолошка и молекуларна лабораторија. Имаме две лаборатории: една во Центар и една во Кисела Вода.
Vrabotuvanje.com: Што е тоа што БИОТЕК Лабораторија се разликува во однос на конкуренцијата?
Анкица Синадинова Базерко: Сите три клинички лаборатории се опремени со врвна опрема и реагенси, а ние како увозници гарантираме за нивниот квалитет, бидејќи ги поддржуваме со тренирани специјалисти од Биотек. Ние имаме редовни, месечни, надворешни контроли на сите три лаборатории во врвни европски организации за надворешна контрола.
Vrabotuvanje.com: Какви услуги им нудите на клиентите?
Анкица Синадинова Базерко: Нудиме врвни генетско-молекуларни тестирања по светски стандарди, кои ги има само кај нас како што се туморските маркери. Исто така нудиме и фондовски цени за анализи, иако немаме фондовски приход. Исто важи и за рутинските анализи,на пр. основниот пакет тн ЛУ1 кај нас е за сите пациенти е 200 денари без упат од матичен доктор, што за пациентите е дополнителна олеснителна околност. Ова важи и за многу други анализи.
Vrabotuvanje.com: Дали нудите можност за колективна соработка со компаните?
Анкица Синадинова Базерко: Да,имаме мобилна екипа која нуди посета во простории на клиентите, се со цел да им олесниме на нашите клиенти со што ќе им го заштедиме времето. Исто така имаме и договор за прво приватно здравствено осигурување од Сава Табак.
Vrabotuvanje.com: Во нашата земја има сериозен недостиг на медицински кадри. Како успеавте да ги привлечете најдобрите?
Анкица Синадинова Базерко: Биотек како фирма има повеќе од 60 вработени кои се високо образовани и стручни кадри. Во нашата дејност се вложува многу во вработените, се дава многу но и се бара врвна професионалност. Се трудиме вработените да го дадат својот максимум но и ние како компанија го даваме својот максимум за вработените.
Vrabotuvanje.com: Каде ја гледате вашата лабораторија во следните 5 години?
Анкица Синадинова Базерко: Ја гледам како врвна клиничка лабораторија, акредитирана и фондовски поддржана.
Сакаш да станеш дел од БИОТЕК Лабораторија?