Во Хрватска пристигна промена на времето, а со тоа и снег во дел од земјата. Во Македонија, како што наведува Управата за Хидрометеролошки работи, дождот полека ќе преминува во снег на планините повисоки од 2.000 метри.
Околу Госпиќ утринава падна снег, а на Платка веќе падна поголемо количество снег, јавува порталот Index.hr.
ХАК издаде предупредување поради врнежи од снег на места во Горски Котар, како и можна појава на одрони на патиштата во планинските подрачја и долж Јадранската магистрала.
Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На планините на северозапад над околу 2000 мнв врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час).
Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.