Пунктот, според информациите од МВР, се наоѓа во салата на полициската станица „Пролет”. Во објектот се поставени 20 паравани каде што ќе се врши фотографирање за лични документи
Новиот пункт на Министерството за внатрешни работи (МВР) каде што граѓаните ќе може да бидат фотографирани за вадење лични документи е подготвен и наскоро се очекува да биде отворен, информираат од МВР не прецизирајќи го датумот кога тој ќе почне да работи.
Пунктот, според информациите од МВР, се наоѓа во салата на полициската станица „Пролет”. Во објектот се поставени 20 паравани каде што ќе се врши фотографирање за лични документи.
„Деновиве системот ќе биде тестиран, а јавноста навремено ќе биде известена за отпочнување на процесот со кој им овозможуваме на граѓаните во определениот законски рок, 12 февруари 2024, да ја поминат задолжителната процедура“, велат од МВР.