Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре, поради посета на делегација предводена од претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјазков, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје.
Во соопштение, од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.