На првиот ден од фотографирањето без претходно закажување за нови лични документи услугата ја извршиле 1.047 граѓани, објави МВР.
Претходно вонредно беа поставени 12 кабини за фотографирање во полициската станица во скопската населба Пролет.
Би можело да ве интересира: Пасош 2300 возачка 410 денари, колку чини промената на документите?
Граѓаните кои немаат термин за нови документи или имаат термин по 12 февруари 2024 година, можат лични документи да извадат на новиот пункт на МВР а работното време е од 8 до 18 часот, информираат од таму.