По потекло од Кавадарци, своето средно образование го завршува во општата Гимназија, за потоа да се запише на Архитектонски факултет во Скопје каде ги завршува додипломските и магистерските студии. За себе вели дека како помала интересот за професиите го менувала често во зависност од возраста, но со годините како што осознава повеќе за себе, љубовта за архитектурата како професија се зголемува и останува до ден денес
Маја Мегленова е архитект во BREON веќе шест месеци и тој период за неа претставува еден голем предизвик исполнет со учење, тимска работа и инволвираност во реални проекти.
Првите шест месеци би ги опишала како еден голем предизвик во секој поглед, почнувајќи од совладување и исполнување на одредени критериуми и стандарди, па се до учествувањето и работа на реален проект. Меѓутоа целиот процес на адаптација, благодарение на сите членови на тимот на Breon, претставува позитивно искуство, и сега со нетрпение го очекувам и се радувам на секој нов проект, - вели Маја за редакцијата на Vrabotuvanje.com.
BREON е модерно проектантско биро кое работи на импозантни проекти ширум Швајцарија. Компанијата го дава најдобриот квалитет, па одтаму е и потребата за најдобрите професионалци. Ја запрашавме Маја што тоа што всушност ја мотивирало да посака да стане дел од тимот на BREON?
Маја Мегленова: Можноста да работам во швајцарски услови и стандарди, проекти од ваков тип, како и условите за континуиран професионален развој и напредок во динамична работна средина, беа клучни да посакам да станам дел од тимот на Breon.
Сакавме да дознаеме и која е улогата на Маја во BREON па ја запрашавме да ни каже нешто повеќе за нејзините работни задачи во компанијата.
Маја Мегленова: Првите неколку месеци беа посветени на едукација и запознавање со швајцарските стандарди и начин на работа, адаптација на ALLPlan програмата која е нестандардна за наши услови и е иднината на архитектурата, а сега после тој успешен период на адаптација сум дел од тимот кој работи на планови за изградба на објект за повеќесемејно домување во близина на Луцерн.
Архитектонската професија бара многу прецизност, фокусираност и внимание. Откриваме кој е изворот од каде што Маја и нејзините колеги ја црпат потребната енергија.
Маја Мегленова: Изработката на секој план навистина бара прецизност, посветеност и знаење. Крајниот резултат од сето тоа е квалитетен план и задоволни клиенти, што претставува мотив, а истовремено и извор на енергија за секој следен проект и потојаното надградување.
BREON е и местото каде што се роди идејата за Social Friday. Маја ни раскажува за нејзиното искуство и што за неа и нејзините колеги значи Social Friday после долга и напорна работна недела?
Маја Мегленова: Навистина сум среќна што можам да бидам дел од иницијативата Social Friday која што има се поголем број на подржувачи. До сега имав шанса да учествувам на два Social Friday настани, првиот во СОС детско село Македонија и вториот во домот за стари лица Резиденција Дабески. И покрај тоа што се работи за две сосема различни целни групи, резултатот после секој настан е ист - среќни лица, задоволство и позитивна енергија.
За крај, ја запрашавме Маја зошто би го препорачала BREON на останатите архитекти и градежни инженери?
Маја Мегленова: Breon е вистинско место за секој инжинер - архитект кој сака предизвици, а истовремено сака да учи и да го надградува своето знаење. Условите за работа како и употребата на најнов софтвер и технологија целосно го овозможуваат тоа. Тимот и тимската работа се клучни за успех во професијата, а Breon е компанија која се грижи за секој член од тимот.
Сакаш да станеш дел од BREON?
Аплицирај на http://breon.ch/en/join-us/