Повеќето мислат дека се работи за чиста среќа, но вистината е дека за секој успех во животот клучни се три работи: напорна работа, дисциплина и пожртвуваност. Навиките се тие кои ја играат најголемата улога и го диктираат вашиот (не)успех. Тие се причина за богатство, сиромаштија, среќа, тага, стес, добри или лоши односи, како и добро или лошо здравје. Кога станува збор за навиките, истражувањата покажуваат дека постојат неколку круцијални навики кои се пресудни за да ве издвојат од другите. Најмладите милионери во светот ги откриваат нивните навики кои им помогнале да бидат тоа што се денес.
Учете постојано
Дури 88% од милионерите секој ден посветуваат 30 или повеќе минути на едукација или читање, вели Томас Кори, кој цели пет години ги истражувал дневните навики на 177 милионери. Не дозволувајте ниту еден ден да помине, а да не научите нешто ново. Со напредокот на технологијата учењето може да се одвива на било кој начин. Интернет просторот нуди безброј електронски книги кои ќе можете да ги превземете со само еден клик. Покрај тоа, секогаш можете да гледате видеа, да следите онлајн предавање и да посетувате онлајн курсеви.
Бидете физички активни
Морате да го одржувате вашето тело здраво. Вежбањето го зголемува производството на гликоза, што претставува гориво за мозокот. Според истражувањето на Кори, дури 76% од милионерите практикуваат некаква кардио активност, било да станува збор за трчање, џогирање, пешачење или возење велосипед. Редовното вежбање го подобрува расположението и го зголемува нивото на допамин и серотоин.
Станувајте рано
Голем дел од успешните луѓе стануваат порано од што треба. Станува збор за стратегија која помага во соочувањето со обврските кои ги наложува работниот ден. Станувањето рано дава чувство на верување дека имате контрола врз вашиот живот и дека го диктирате неговиот тек.
Концентрирајте се на вашите цели
Поставувањето и следењето на сопствените соништа создава долгорочна среќа. Пасијата кон сопствената работа, ја прави истата забавна. Пасијата е таа што ви ја дава енергијата, упорноста и фокусот потребни за да се надминат повремените грешки и потфрлувања. Поставете си како кроткорочни, така и долгорочни цели. Остварувањето на краткорочните цели ќе ви ја даде мотивацијата да работите и вложувате повеќе, како и да не се откажете.
Дружете се со други успешни луѓе
Успешите луѓе привлекуваат други успешни луѓе. Тие секогаш се во потрага по лица кои се ориентирани кон одредена цел, кои се ентузијастички насочени кон работите и имаат позитивен став. Одржувањето контакти е важен дел во постигнувањето на успех. Подеднакво важно е да избегнувате негативни луѓе и нивни влијанија. Деструктивните критики само ќе ве одалечат од успехот.
Не си следете останатите
Неможноста да се изолирате од "стадото" прави повеќето луѓе никогаш да не доживеат успех. Преголемата желба за да се вклопите во општеството, да бидете дел од толпата, да направите речиси се за да не се издвоите, прави поголема штета отколку што можете да замислите. Успешните луѓе создаваат сопствено "стадо" и потоа останатите им се приклучуваат. Едноставно е, само не се плашете да бидете свои.
Бидете трпеливи
Ниту еден успех не доаѓа преку ноќ. Ќе има моменти кога ќе искусите потешкотии и ќе има моменти кога ќе посакате да се откажете. Сетете се дека многумина не стигнале каде што сте вие и тоа нека ви биде потребниот поттик за да продолжите со напорната работа. Бидете трпеливи и резултатите ќе бидат видливи.