Термалифт ДД е компанија чија дејност е производство на уреди за кревање и пренесување. Тоа вклучува увоз, репарација и продажба на вилушкари и испорака и монтажа на лифтови на територијата на Република Македонија и регионот.
Термалифт е ексклузивен, независен дистрибутер на ТОЈОТА вилушкари за Македонија, Албанија и Косово.
Моментално располага со над 350 вилушкари на лагер спремни за испорака од разни типови и брендови и околу 70 вработени во сите сектори кои ја сочинуваат ТЕРМАЛИФТ: менаџмент, продажба, маркетинг, финансии, сервис, одржување и транспорт.
Во секторот за продажба, Термалифт објави оглас за вработување на продажен агент кој директно одговара на комерцијалниот референт.
Дел од бенефициите што ги нуди компанијата:
- Стартна фиксна плата од 25.000 до 31.000 денари во зависност од покажаните резултати;
- Бонус плата за секоја продадена машина (процент од секој продаден виљушкар/машина);
- Шема за промоција и унапредување во компанијата;
- Платени патни трошоци;
- Специфицирани обуки за продажба и маркетинг од TOYOTA Europe.
Сакате да станете дел од Термалифт?
Погледнете го ОГЛАСОТ и пријавете се!