
Северниот сосед има најмногу злато во регионот.
Србија е прва во регионот со 38,5 тони, Македонија е втора со 6,8 тони злато. Податоците на Светскиот борд за злато, покажуваат дека најголеми резерви во светот имаат САД со 8.133 тони, потоа следи Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони.
На Западен Балкан после Србија и Македонија, следат Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, Босна и Херцеговина (БиХ) со 2,7 и Хрватска со два тони злато.