
Претпладне претежно во североисточните делови ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Во Скопје сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.