Утрово на патот кон училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Дебар Маало во Скопје исчезнала тинејџерката Вања Ѓорчевска.
Случајот на социјалните мрежи го сподели нејзината мајка, а за „А1он“ потврдија и од МВР од каде велат дека од утрово се трага по девојката.
„Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, сподели мајката Зорица Ѓорчевска.