А1 Македонија објавува дека го доби сертификатот Great Place to Work®, престижно признание за посветеноста на А1 Македонија за поттикнување на позитивна и инклузивна култура на работното место.
Сертификатот Great Place to Work® се доделува врз основа на обемен процес на евалуација кој вклучува темелна анализа на политиките, практиките на работното место и анонимни повратни информации од самите вработени. Овој сертификат означува дека А1 Македонија ги исполнува и надминува високите стандарди поставени од Great Place to Work®, покажувајќи ја посветеноста на компанијата да создаде средина каде што вработените напредуваат и имаат транспарентна корпоративна култура.
„Во А1 Македонија градиме култура на транспарентност и еднаквост, па сертификатот Great Place to Work® е од особено значење за нас, бидејќи го добивме благодарение на повратната информација од нашите колеги. Во период од еден месец сите вработени имаа можност да учествуват во анонимно истражување, а со нивните одговори потврдија дека А1 е одлично место за работа. Ова е показател дека стратегијата која ја спроведуваме, а е насочена кон вработените, е правилна и мотив за нас да развиваме практики кои ќе обезбедат исклучително искуство на работното место”, истакна Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.
Клучните фактори кои придонесуваат за сертификацијата на Great Place to Work® вклучуваат доверба која вработените ја имаат кон компанијата, инклузивна култура, која А1 Македонија со години ја гради и спроведува преку стратешки планирани активности. Тука спаѓаат иновативни практики и трендови кои компанијата ги поставува во индустријата, не само преку своите производи и услуги, туку и преку точно дефинирана стратегија која овозможува бројни бенефити за вработените, става фокус на благосостојба, развој во кариера, едукација и секако баланс помеѓу работното време и времето поминато на работа. Сертификацијата ја одразува посветеноста на А1 Македонија за тековно подобрување, со проактивен пристап кон повратните информации од вработените и посветеност на еволуирачките политики и практики за да се задоволат променливите потреби на нејзината работна сила.
А1 Македонија е една од првите компании во нашата држава која се закити со Great Place to Work® сертификат.
За сертификацијата Great Place to Work® - Great Place to Work® Certification™ е признание за „работодавач по избор“ што компаниите се стремат да го постигнат. Тоа е единственото признание целосно засновано на она што вработените го кажуваат за нивното искуство на работното место - конкретно, колку постојано имаат доверба во својот работодовач. Сертификацијата Great Place to Work® е призната ширум светот и од вработените и од работодавците и е глобален репер за идентификување и препознавање на извонредното искуство на вработените. Секоја година, повеќе од 10.000 компании од 60 земји се пријавуваат за да добијат сертификат за одлично место за работа.
За Great Place to Work®
Great Place to Work® е глобален авторитет за културата на работното место. Од 1992 година, тие спроведуваат истражување на повеќе од 100 милиони вработени ширум светот и ги користат тие длабоки сознанија за да го дефинираат она што го прави одлично работно место: довербата. Нивната платформа за анкетирање на вработени им дава моќ на лидерите со повратни информации, известување во реално време и увид во податоци кои им се потребни за да донесат одлуки за луѓето. Сè што прават е водено од мисијата да изградат подобар свет преку помагање на секоја организација да стане одлично место за работа за сите
Дознајте повеќе на greatplacetowork.com и на LinkedIn, Twitter, Facebook и Instagram.