
Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да се врши наплата за паркирање.
На јавните паркиралишта кај Тутунски комбинат, ЗОИЛ и кај болницата 8 Септември денеска нема да се плаќа по 12 часот.
Од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека редовна наплата ќе се се врши на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза, како и во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“