EДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА ПЕТНАЕСЕТТАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“
Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.
Животни вештини (јас и другите)
Модул 1 – Разбирање и развој на себе
Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
Модул 3 – Фидбек
Модул 4 – Себе претставување
Бизнис вештини (јас и работата)
Модул 1 – Управување со проекти
Модул 2 – Управување со време
Модул 3 – Деловно планирање
Модул 4 – Преговарање
Модул 5 – Финансиска писменост
Модул 6 – Продажни вештини
Која е целта на оваа обука?
Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.
Колку време трае обуката?
Обуката е со времетраење од 3 дена и ќе се одвива на 13.11, 15.11 и 16.11.2018, од 17 до 20 часот, во просториите на Едукативниот Центар на Пивара Скопје.
Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.
Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ